Утрински Весник
Свет

Украина прави сопствен дрон камиказа, ќе носи 75 килограми експлозив и ќе лета до 1.000 километри

Украина прави сопствен дрон камиказа, ќе носи 75 килограми експлозив и ќе лета до 1.000 километри
Ss2

Украинскиот државен концерн „Укроборонпром“ изврши серија успешни тестови на украинско беспилотно летало со домет од илјада километри, изјави денеска портпаролката на компанијата Наталија Сад.

dobivaj vesti na viber

„Денес се завршени голем број фази на успешно тестирање. Во согласност со упатствата на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, преминуваме во фазата на тестирање на работата на авионот во случај на електронски напад“, рече Сад.

300x250 (7)

Таа потсети на недамнешните најави на концернот за развој на украински беспилотно летало кое може да носи до 75 килограми експлозив.

„Откако дронот успешно ќе го тестираме под електронски напад, се надеваме дека ќе можеме да го тестираме и во борба. Ветивме дека ќе го изградиме пред крајот на оваа година и се обидуваме да го исполниме тоа ветување“, рече портпаролката на Укроборонпром.

Ss1

Можете да прочитате

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател