Утрински Весник
Свет

Рама: Би било катастрофа за Србија ако Вучиќ не присуствува на самитот за Западен Балкан

Рама: Би било катастрофа за Србија ако Вучиќ не присуствува на самитот за Западен Балкан

Албанскиот премиер Еди Рама изрази уверување дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на самитот Европска Унија – Западен Балкан што ќе се одржи во Тирана на 6 декември.

dobivaj vesti na viber

Рама на онлајн прес-конференција оцени дека Вучиќ нема друг избор и додаде дека во спротивно би било катастрофа за Србија, пренесува „Коха“.

„Србија ќе биде на самитот и претседателот на Србија нема друг избор освен да дојде на самитот. Ова ти го кажувам со убедување. Спротивното би било катастрофа за Србија и за него, се разбира“, изјави Рама.

Тој смета дека самитот во Тирана е историски затоа што за прв пат се одржува во земја која не е членка на ЕУ.

Можете да прочитате

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни