Утрински Весник
Свет

Бугарија ќе ја снабдува Украина со оружје и муниција

Шефот на кабинетот на Зеленски: Руското прашање мора да се реши со сила

Бугарија ќе ја снабдува Украина со малокалибарско оружје и муниција, а помошта ќе биде обезбедена врз основа на одлуката на парламентот, јавува бугарската телеграфска агенција.

dobivaj vesti na viber

„ Министерот за економија Никола Стојанов во петокот рече дека Бугарија ќе ѝ обезбеди на Украина малокалибарско оружје и одредена муниција. Тој рече дека обезбедувањето воена помош ќе се заснова на одлуката на парламентот“, јави Бугарската телеграфска агенција (БТА).

Според агенцијата, Стојанов додал дека помошта за Украина нема да влијае на борбената готовност на бугарската армија.

Според министерот за економија, бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов доставил список со воените капацитети на земјата и истиот ќе биде објавен во блиска иднина.

Претходно, „Софија Глоуб“ објави дека бугарскиот парламент одобрил испорака на оружје за Украина.

Можете да прочитате

Најмалку едно лице загина, петмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Израел нападна болница во Газа, хирург меѓу загинатите

Украинците погодија моќен руски воен брод