Утрински Весник
Спорт

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Британската компанија Мекларен беше приморана да продаде дел од својата колекција на историски возила на бахреинската државна фонација „Мумталакат“ за да го финансира новиот хибриден моел на автомобили „Артура“.

dobivaj vesti na viber

„Мумталакат“, кои поседуваат 60 отсто од Мекларн, платиле 100 милиони фунти за историските болиди и тркачки автомобили, откако Мекларен прикажа загуба од 203 милиони фунти во првите девет месеци во 2022 година. Според портпаролот на Мекларен, со трансакцијата се обезбедува инфузија на кеш во компанијата, но не даде детали колку од 54-те Ф1 болиди и супер-автомобили од историската компанја се продадени.

Одложувањето на промоцијата на моделот „Артура“ претходно во септември ги натера газдите и саудискиот државен фонд (ПИФ, инаку газди на Њукасл јунајтед), да издадат 125 милиони фунти во нови акции.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами