Утрински Весник
Свет

Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца

Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца
300x250 (7)

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција, починаа четири деца. Се стравува дека оваа бактерија може тивко да се шири во училиштата.

dobivaj vesti na viber

Четиригодишниот Мухамед Ибрахим Али стана најновата жртва на растечката епидемија на стрептокока, која веќе ги однесе животите на Хана Роап, седумгодишно девојче од Велс и уште еден ученик во основно училиште. Сите четири смртни случаи се случиле во различни делови на Велика Британија и нема индикации дека тие се поврзани на кој било начин.

Ss1

Општите лекари уште од почетокот на учебната година предупредуваат на „невообичаено високо“ ниво на оваа бактерија. Симптомите се обично благи, вклучувајќи треска, болки во мускулите, повраќање и болки во грлото. Може да предизвика и шарлах.

Во исклучително ретки случаи, бактеријата се шири на ист начин како и корона вирусот, преку близок контакт како што се кивање, бакнување и допирање. Може да оди подлабоко во телото и да предизвика проблеми опасни по живот, како што е сепса. Сепак, може да се лекува со антибиотици.

Водечките експерти денеска предупредуваат дека децата затворени за време на Ковид создале послаб имунитет и дека тоа би можело да биде главниот „виновник“ за зголемувањето на случаите.

Стрептокок од групата А е бактериска инфекција која влијае на грлото и кожата. Иако повеќето случаи предизвикуваат само блага болест, некои може да бидат опасни по живот и да доведат до шарлах.

Здравствените работници во Британија се подготвуваат да издадат предупредување до родителите за симптомите на стрептокок А.

Ss1

Можете да прочитате

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Кремљ: Неосновани се обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“