Утрински Весник
Спорт

ФИФА, конечно, со видео објасни зошто голот на Јапонија беше признат

ФИФА, конечно, со видео објасни зошто голот на Јапонија беше признат

ФИФА, конечно, објави официјално објаснување зошто вториот гол на Јапонија против Шпанија за 2:1 победата бил признаен и покрај тоа што многу фудбалски фанови сметаа дека топката беше излезена од игра пред акцијата.

dobivaj vesti na viber

Во еден од најконтроверзните моменти досега на СП во Катар, Каору Митома ја врати топката од аут-линијата за да му асистира на Танака за победничкиот гол. По ова следуваше долга ВАР- пауза по која голот беше признаен, но тоа не спречи долга дискусија на социјалните мрежи.

ФИФА објаснува дека топката едноставно не ја имаше целосно поминато линијата, објаснувајќи дека одредените агли од кои се снима можат да носат привид дека топката е излезена.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина