Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојаноски: Комисијата за финансирање и буџет го изгласа амандманот со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%

(Видео) Стојаноски: Комисијата за финансирање и буџет го изгласа амандманот со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%
Img 5587

Денес на Комисијата за финансирање и буџет се изгласа позитивно амандманот со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го поднесе овој амандман на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

dobivaj vesti na viber

Во текот на Комисијата успеавме да ги надгласаме пратениците од СДСМ и ДУИ.

300x250 (7)

Помина гласањето во Комисијата за финансирање и буџет, останува да се потврди и со гласање на Законодавно-правната комисија. Пратениците од СДСМ без срам и перде се закануваат дека ќе бараат поништување на изгласаниот амандман.

Ќе се бориме и на таа комисија и преку аргументи ќе пробаме да ги убедиме дека во услови на инфлација од 30% покачување од 15% не е луксуз, туку е неопходност.

Десетици илјади вработени во администрацијата чекаат на овој амандман. Една недела беше затворена Управата за водење  матични книги и цела држава беше блокирана. Замислете ако цела администрација протестира колку ќе се блокира државата. Имаме тенденција на напуштање на администрацијата од квалитетни кадри, а тоа значи намалување на квалитетот на јавните услуги.

Ss1

Можете да прочитате

Претседателот на OK ВМРО-ДПМНЕ Маврово и Ростуше навредувал полицајци на граница, па бил приведен

Американци нападнале полицајци во Кисела Вода

Ахмети од Струга: На 8 мај да ја запечатиме победата на Европскиот фронт