Утрински Весник
Свет

Медведев: „Патриотите“ испорачани во Украина автоматски ќе станат регуларна цел на руската армија

Медведев: „Патриотите“ испорачани во Украина автоматски ќе станат регуларна цел на руската армија

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, генералниот секретар на Алијансата не можеше да каже кога системите „Патриот“ треба да пристигнат во Киев.

dobivaj vesti na viber

Пентагон претходно објави дека во оваа фаза САД не планираат да ги испратат овие системи во Украина, а Дмитриј Медведев, поранешниот претседател и премиер на Русија, сега потпретседател на Советот за безбедност, напиша на својот Телеграм дека „Патриотите“ доставени на Украина, автоматски ќе станат редовна цел на руската армија.

Во Берлин објаснија дека се подготвени да ги „позајмат“ тие системи на Полска, кои ги купиле од Американците, за да ја заштитат нивната територија, а потоа Полјаците самоиницијативно предложиле да се префрлат во Украина за заштита од руски ракетни напади, пренесува Новости.

Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт веќе изјави дека одлуката за доделување „патриоти“ на Украина мора да биде одобрена од НАТО, бидејќи тие се дел од неговиот систем за одбранбена интеграција.

Германските експерти велат дека дури и „Патриотите“ да и се предадат на Украина, ќе бидат потребни најмалку шест месеци, до две години, за да се обучуваат офицерите кои би биле на командниот пулт. Во Берлин се свесни дека испраќањето германски офицери во екипажот на „Патриотите“ може да има трагични последици.

Системот „Патриот“ чини една милијарда долари, а еден истрелан проектил чини милион долари.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата