Утрински Весник
Свет

Бајден го однесе Макрон на сладолед

Бајден го однесе Макрон на сладолед

Американскиот претседател Џо Бајден сподели фотографија со Емануел Макрон како јадат сладолед за време на државната посета на францускиот претседател.

dobivaj vesti na viber

Фотографијата објавена на Твитер профилот на Бајден доцна синоќа го покажува Бајден како седи до Макрон со чинии сладолед пред нив во „Фиола Маре“, италијански ресторан за морска храна во Вашингтон.

Сопругите на двајцата лидери, Џил Бајден и Брижит Макрон, седат спроти нив, без сладолед.

Над сликата, Бајден напиша: „Добредојдовте пријатели во градот“.

Можете да прочитате

Иран: Убивме или ранивме над 650 американски војници

Трамп бара помош од Курдите во војната против Иран

Израел ја обвини Шпанија: Застанавте на погрешната страна од историјата