Утрински Весник
Свет

Илјадници пеликани во Перу починаа поради птичји грип

Илјадници пеликани во Перу починаа поради птичји грип

Повеќе од 5.500 пеликани починаа во последните недели во Перу поради појава на птичји грип, јавува Би-би-си. Неколку плажи се преполни со трупови на мртви животни, а некои се пронајдени во заштитени подрачја.

dobivaj vesti na viber

Биолозите велат дека повеќе од 13.000 птици се убиени од вирусот на птичји грип – Х5Н1. Перуанските власти прогласија здравствена тревога за да спречат ширење на вирусот.

 

Х5Н1 може многу брзо да се шири меѓу птиците преку нивниот измет и плунка. Вирусот може да се прошири и на луѓето ако се во близок контакт со заразена птица, но научниците велат дека сегашниот вид се чини дека претставува мал ризик за тоа.

Перуанските власти ги предупредија луѓето да не допираат диви птици или нивните трупови. Од луѓето исто така се бара да ги известат здравствените власти доколку забележат мртви птици.

Покрај избувнувањето во Перу, во моментов бран птичји грип има и во Европа и во САД.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија