Утрински Весник
Свет

Се обидела да ја отвори вратата од авионот на сред лет, рекла дека Исус ѝ кажал да го стори тоа

Се обидела да ја отвори вратата од авионот на сред лет, рекла дека Исус ѝ кажал да го стори тоа

За патниците од Хјустон до Колумбус летот во саботата можел да стане смртоносен кога патничка се обидела да ја отвори страничната врата на авионот среде лет.

dobivaj vesti na viber

Жената, идентификувана како Елом Агбегнину (34), се турнала пред стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата од авионот, но во тоа била спречена од храбар патник, додека пилотите го пренасочиле авионот, обидувајќи се да направат принудно слетување.

Наместо во Колумбус, авионот слета на националниот аеродром Бил и Хилари Клинтон во Арканзас, за да можат федералните агенти да го земат патникот.

Судските документи објавени од Окружниот суд на САД за источниот округ Арканзас откриваат дека инцидентот започнал кога Агбегнину стана и тргна кон задниот дел на авионот.

Таа стоеше и гледаше во вратата додека персоналот не ја замоли да оди во тоалет или да се врати на своето место. Жената го одби барањето на стјуардесата и остана таму каде што е, по што го турна персоналот до вратата и почна да ја влече бравата за да ја отвори.

Според информациите, мажот кој скокнал да ја запре бил гризнат неколкупати за ногата, а медиумите јавуваат дека откако жената престанала да го гризе мажот, почнала да ја удира главата во подот од авионот.

Документите откриваат дека таа имала бизарно објаснување за своите постапки: „Исус ѝ рекол да лета за Охајо и да ја отвори вратата од авионот“.

 

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран