И покрај тоа што Јувентус преку официјалн соопштение тврди дека истрагата околу клубот нема врска со „измама“, според италијанските медиуми, веќе се подготвува налог за апсење на сега веќе поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели и директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи.
Овие вести доаѓаат откако цел борд на клубот даде оставка во понеделникот навечер, наводно да се намали притисокот кон клубот.
Според „Ла газета дело спорт“, но и новинската агенција „АНСА“, властите во Торино веќе подготвиле налози за апсење на Ањели и уште 14 луѓе во клубот кои минатиот месец добиле предупредување дека се под истрага. Тука го вклучуваат и Паратичи, кој беше спортски директор на клубот пред минатата година да замине во Тотенхем.
Јувентус, пак, преку официјалниот веб-сајт изрично отфрли дека некој е вклучен во финансиска измама.
Juve, pronta in Procura la richiesta di rinvio a giudizio per Agnelli e altri indagati https://t.co/Pg8qkLPvrJ
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) November 30, 2022