Утрински Весник
Спорт

Јувентус под истрага, клубот може да биде исфрлен во понизок ранг

Јувентус под истрага, клубот може да биде исфрлен во понизок ранг

Италијанската фудбалска федерација официјално покрена истрага против фудбалскиот клуб Јувентус. Истрагата е покрената под сомнение дека во клубот вршеле тајни плаќања на играчите во текот на 2020 и 2021 година во периодот на пандемијата на Ковид-19.

dobivaj vesti na viber

Раководството на клубот на чело со Андреа Ањели поднесе оставка во понеделникот, а семејството Ањели предложи улогата на клупски претседател да ја преземе сметководител за подобро да се менаџира со актуелните проблеми на клубот.

Се верува дека под истрага се вкупно 16 лица од управата на клубот.

Италијанските медиуми пипуваат дека клубот се соочува со жестоки казни, а не ја исклучуваат можноста тој да биде исфрлен во понизок ранг.

Според член 31 од спортскиот кодекс во Серија А, се наведува дека „секое фалсификување на документи или кое било друго незаконско дејствие кое води до регистрација на клуб во Серија А може да доведе до одземање на бодови или дури преместување на понизок ранг“.

Можете да прочитате

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс