Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна
300x250 opst2

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека рускиот претседател сака да ја искористи зимата како оружје за војна.

dobivaj vesti na viber

„Да го правиме ова додека влегуваме во зима покажува дека претседателот Путин сега се обидува да ја искористи зимата како оружје за војна против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Букурешт пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во вторник и среда, пренесува Ројтерс.

Столтенберг рече дека очекува НАТО да ја забрза испораката на системи за противвоздушна одбрана во Украина, пишува dpa.

„Една од пораките“ на состанокот на НАТО во Букурешт ќе биде потребата од „забрзување“ на испраќањето повеќе системи за противвоздушна одбрана, муниција и резервни делови во Украина, како и зајакнување на обуката на украинските војници, додаде тој.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови