Утрински Весник
Македонија

Демократскиот сојуз: Комисијата да не преговара за историски прашања поврзани со Охридската архиепископија

Павле Трајанов ќе бара предвремени избори или Влада со сите партии

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската архепископија по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

dobivaj vesti na viber

„Охридската архиепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ поради што да се преговара за тоа дали оваа Архиепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство.

Евентуалниот договор ќе биде дел од протоколот, тоа значи и дел од преговарачката рамка за почнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисијата (од македонскиот дел) да биде разрешена и да се изберат во неа историчари резистентни на политичко влијание“, велат од Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно

Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

ВО ЖИВО: Прес-конференција на гувернерот Трајко Славески