Утрински Весник
Македонија

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд а на планините снег

Променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди
Ss2

Денеска се очекува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

dobivaj vesti na viber

Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Ss1

Во Скопје претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во понеделник во утринските часови на места ќе провејува снег, а преку денот облачноста ќе се намали. Поради разведрувањето во вторник минималните температури ќе бидат ниски.

Од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ss1

Можете да прочитате

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Утре и во сабота свежо и со засилен ветер (над 60 км/час) – Ќе има и врнежи и грмежи, а на највисоките планини и снег – Дожд се очекува и во Скопје

Маричиќ: СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продожување на преговорите со ЕУ

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада