Утрински Весник
Свет

Минск: Ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј

Минск: Ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј
Img 5587

Почина министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј, јави „БелТА“, повикувајќи се на прес-секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз.

dobivaj vesti na viber

Макеј имаше 64 години. Не се соопштуваат други детали пишуваат тамошните медиуми.

300x250 (7)

Макеј, како што анализираат истите, беше познат по неговите остри критики кон Западот, за кој веруваше дека е виновен за конфликтот во Украина, што го изјави на 77. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Учеството на НАТО во нелегитимните војни против Југославија, Ирак, Либија, Сирија, како и обидите на Алијансата да влезе во историски источнословенските и соседните земји, ја предодреди судбината на првиот „Версај“. Затоа вината за континуираното крвопролевање во Украина мора целосно да ја сноси колективниот Запад“, потенцираше тогаш Мекеј.

„Не можеме да се однесуваме поинаку. Конфликтот се случува на нашата врата и ние сме многу тажни кога гледаме како братскиот украински народ стана жртва на геополитичките игри на колективниот Запад“, рече тогаш Мекеј.

Според неговите неодамншени изјави, на Западот не му е потребна Украина ниту како членка на НАТО, ниту како членка на Европската Унија, туку новите „покровители“ едноставно ја искористиле во големата игра против Русија.

„Украина денеска плаќа со крв, бидејќи нејзините политичари дозволија да бидат измамени и заборавени на историското братство на трите источнословенски народи: Белорусите, Русите и Украинците“, беа зборовите на белорускиот дипломат.

Ss1

Можете да прочитате

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива