Утрински Весник
Спорт

Велс остана со десетмина, а Иран постигна два гола после 98.минута

Велс остана со десетмина, а Иран постигна два гола после 98.минута

Репрезентацијата на Велс е пред елиминација од СП, откако загуби од Иран со 2:0, со голови постигнати после 98.минута од натпреварот. Стрелец на првиот гол беше Розбех Чешми во 98.минута, а три минути подоцна погоди и Рамин Разеиан. Во третата рунда Велшаните ќе се сретнат со Англија и само теорија ги носи во втората фаза од СП.

dobivaj vesti na viber

Иран имаше бројна предност на теренот од 86.минута, кога голманот на Велс, Вејн Хенеси, доби црвен картон, откако стартуваше грубо над противнички играч надвор од својот шеснаесетник.

Иранците успеаја да постигнат два гола во судиското продолжение и да дојдат до триумф.

Во третото коло, Иран ќе игра против Соединетите Американски Држави.



Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ