Утрински Весник
Магазин

Најстарата мачка на светот има 26 години

Најстарата мачка на светот има 26 години

Флоси официјално е прогласена за најстара жива мачка во светот.

dobivaj vesti na viber

Флоси (26), родена во Британија, постави нов рекорд како најстара жива мачка.

Гинисовата книга на рекорди официјално ѝ ја додели титулата на мачката родена во 1995 година.

Во текот на својот живот Флоси имала повеќе сопственици, а моментно живее во југоисточен Лондон.

Нејзината нова сопственичка вели дека е во одлична форма за своите поодминати години.

„Таа е толку нежна и разиграна, особено слатка кога ќе се сетите колку години има. Неизмерно сум горда што Cats Protection ме поврза со оваа неверојатна мачка“, додаде таа.

Можете да прочитате

Разлики во справување со болката и болестите кај жените и мажите

Грција втора во светот по бројот на плажи со сино знаме

Jубилејниот 70. Евросонг започнува вечерва