Утрински Весник
Македонија

Северна Македонија стана 103. членка на GFCE, една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за кибербезбедност

Северна Македонија стана 103. членка на GFCE, една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за кибербезбедност

По иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, Северна Македонија стана 103-та членка на GFCE – Global Forum on Cyber Expertise, во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата кибербезбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема.

dobivaj vesti na viber

Владата на Северна Македонија со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на GFCE ќе работат на четири теми: Политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од кибернапади, киберкриминал, киберкултура и градење капацитети.

Преку GFCE ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на кибертемата во Северна Македонија, за што GFCE има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите. Линк: https://cybilportal.org/projects-by?page=country&_sft_country=north-macedonia

Кибербезбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на кибербезбедноста и киберотпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на кибербезбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади.

Линк до секцијата на Северна Македонија на веб-сајтот на GFCE: https://thegfce.org/member/north-macedonia/

Можете да прочитате

Левица алармира за предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се пишувале како Роми за наводна социјална помош

Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Трудовиот инспекторат не може да постапи по барањето на синдикатот за поништување на огласот со партиски вработувања во М-НАВ од Скопје, оти архиварката била на одмор