Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ

Маричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ
300x250 (7)

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил објави дека 2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Маричиќ вели дека убава вест доаѓа од Европскиот парламент, кој денеска го усвои Извештајот подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), Тонино Пицула.

300x250 (7)

„Планот за новата стратегија за проширување има јасен рок: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година. Проширувањето била и мора да остане една од најуспешните политики на ЕУ, но сега неопходно е да се активира со цел ЕУ да го зачува својот кредибилитет и да остане геополитички играч”, пишува вицепремиерот Маричиќ.

„Во овој Извештај се наведува и дека усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ е услов да се остане на европскиот пат.

Меѓу главните заклучоци од Извештајот се:

-Нема алтернативи за замена на проширувањето на ЕУ

-Јасни рокови: пристапните преговори треба да завршат до крајот на 2030 година

-Гласање со квалификувано мнозинство во областите релевантни за процесот на пристапување, освен конечната одлука, за подобрување на одлучувањето за да избегнеме билатерални спорови како алатка за блокирање

-Финансирањето на ЕУ и неговите опипливи резултати мора да бидат повидливи во земјите на проширување

-Наградување на земјите-кандидати кога тие ќе постигнат одржлив напредок, вклучително и со нивно постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ и реагирање на регресија или постојан недостаток на напредок во реално време

-Главен преговарач од страната на ЕУ за секоја земја; Ова може да биде од корист за транспарентноста на процесот, пред се кога комуницираме со граѓаните на земјите кандидати“, напиша Маричиќ.

Ss1

Можете да прочитате

До самиот крај на овој месец пролетни, до рано-летни температури и претежно стабилно и сончево време

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, евидентирани нови 27 случаи