Утрински Весник
Спорт

Поразот од Јапонија го гледале само 9,2 Германци

Поразот од Јапонија го гледале само 9,2 Германци
Img 5587

Само 9,2 милиони Германци го следеле преку своите ТВ приемници го следеле шокантиот пораз од Јапонија (1:2), покажуваат податоците на компанијата за мерење на гледаноста АГФ.

dobivaj vesti na viber

За споредба, пред четири и пол години, првиот натпревар на Германците во Русија против Мексико (пораз 1:0) привлече речиси 26 милиони гледачи. Исто така, треба да се додаде дека на тој турнир Германците ја бранеа светската титула освоена во 2014 година во Бразил.

Ss1

Натпреварот во средата, во кој Јапонија победи со 2:1, започна во 14 часот по локално време, кога многу луѓе беа на работа. Преносот на првиот натпревар на СП 2018 беше во 17 часот.

Натпреварот меѓу Катар и Еквадор во неделата попладне, со кој беше отворен Мундијалот, го следеле само 6,21 милиони гледачи, додека во летото 2018 година, првиот натпревар на СП 2018 го следеа 10 милиони гледачи во Германија.

Ss1

Можете да прочитате

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам

Лука Модриќ ја испиша историјата на Реал Мадрид

Пол-позицијата на Ферстапен во Мајами