Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Петровска професионално ја извршува функцијата, една од најдобрите министри за одбрана

(Видео) Ковачевски: Петровска професионално ја извршува функцијата, една од најдобрите министри за одбрана

Во одговор на пратеничко прашање, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека министерската за одбрана, Славјанка Петровска е еден од најдобрите министри за одбрана што државата го имала.

dobivaj vesti na viber

„Славјанка Петровска управува со Министерство за одбрана на земја членка на НАТО и нејзиниот начин на управување е оценет со највисоки оцени од сите земји членки на НАТО и нашите стратешки партнери и тоа може да се види од извештаите кои се наоѓаат во седиштото во НАТО. Дополнително, Петровска како министерка најбрзо ја има спроведено воената интеграција во системот на НАТО споредено со сите други земји членки на НАТО“, рече Ковачевски.

Истакна дека во време кога ВМРО-ДПМНЕ блокираше помош од 100 милиони евра, Петровска со својата посветеност успеала да обезбеди помош од САД во висина од 80 милиони долари.

„Петровска има изградено највисоко ниво на доверба со земјите членки на НАТО и со стратешките партнери за што сведочат и одлуките што тие го носат, а последната од нив е финансиска помош од САД од 80 милиони долари за министерството за одбрана. Со нејзината работа и со својата професионалнсот, Петровска успеа да донесе 80 милиони долари и тоа се случува во исто време кога вашата партија, ВМРО-ДПМНЕ, блокираше кредит од 100 милиони евра од ЕБОР, кој е со најповолни каматни стапки во услови на светска економска криза.“ порача Ковачевски.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија