В петок со почеток во 20 часот на академската сцена на Еуропа прима се одржа премиерата на дуодрамата „Жената како воено поле“ од Матеи Висниек. Во претставата играат актерките Марија Кондовска како Кејт и Кристина Гиева како Дора, а претставата е во режија на Теодора Силјаноска.
Претставата се случува за време на војна, каде две девојки со сосема различно минато, се спојуваат во една навидум судбинска средба. Двете носат посебна траума и проблем, кој потекнува од исти корен – војна. Тие се сретнуваат во едно безимено место, налик на санаториум и на тоа место тие можат да зборуваат гласно без задршки, да се исплачат и најнакрај, можат да си помогнат.
Целта на нашата претстава е опевањето на женската храброст, преку едни трауматични искуства, прикажани симболично, но сепак искрено кога станува збор за емотивната состојба, велат организаторите.
Проектот е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.