Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Цената на лебот се намали, очекувам намалување и на другите цени на храната

Ковачевски: Цената на лебот се намали, очекувам намалување и на другите цени на храната

За да им помогнеме на граѓаните и на компаниите, обезбедивме фиксна цена и на струјата за фирмите производители на основните прехранбени продукти, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Ковачевски истакна дека мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ, кои се насочени постојано да го подобруваат животот на граѓаните и да го зголемуваат нивниот животен стандард, особено во услови на криза, вродуваат со плод.

„Цените на храната почнаа да паѓаат, се намали цената на лебот, очекуваме да се намалат цените на брашното, месото, млекото и на другите основни производи за 10 отсто, и тоа многу бргу“, додаде Ковачевски пред граѓаните.

Можете да прочитате

Поевтинуваат нафтените деривати – 24info.mk

Лебот нема да поскапи следните два месеца

Инфлацијата во април повисока за 0,7 проценти во однос на март