Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко се насмеа денеска на заминувањето на Мекдоналдс од неговата земја, кој што ќе биде заменет со руски синџир ресторани за брза храна.
Мекдоналдс од 22 ноември ќе работи во Белорусија под името Delicious and Point, што е името на рускиот синџир што ги презеде рестораните на американската компанија во Русија. Официјално објаснување не беше дадено.
„Фала му на Бога што заминува!“, рече Лукашенко во петокот за време на состанокот со работниците од земјоделскиот и прехранбениот сектор.
Првите ресторани под тоа име беа отворени во Русија на 12 јуни, наместо Мекдоналдс, кој ја напушти земјата поради руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Многу други странски брендови како Coca-Cola, H&M и Ikea го направија тоа. Белорусија е единствениот сојузник на Русија во том конфликт, пренесе Индекс.хр.