Утрински Весник
Магазин

Род Стјуарт одбил 1 милион долари за настап во Катар

Род Стјуарт одбил 1 милион долари за настап во Катар

Род Стјуарт откри дека одбил над еден милион долари за да настапи на отворањето на светското првенство во Катар бидејќи смета дека не би било во ред имајќи ги предвид критиките и контроверзиите што го опкружија претстојниот спортски настан поради кршење на човековите права.

dobivaj vesti na viber

Катар во последно време се соочува со контроверзии за системска дискриминација на жените и ЛГБТК+ заедницата, како и за пријавените смртни случаи на 37 работници мигранти, кои помагале во изградбата на стадионите на кои ќе се одржи Светското првенство, пишува „Гардијан“.

Првенството треба да почне на 20 ноември во главниот град Доха, а Катар и организаторите на Светското првенство, ФИФА, се соочуваат со постојани критики поради смртта на работниците мигранти и ставот на земјата кон хомосексуалноста, која е нелегална во оваа држава.

Стјуарт откри дека и тој ја одбил шансата да биде дел од прославата од морални причини.

„Уште пред 15 месеци ми понудија многу пари, над милион долари. Ги одбив бидејќи сметам дека не е во ред да одам таму“, изјави Стјуарт за „Сандеј тајмс“.

Дуа Липа ги демантира шпекулациите дека ќе настапи на церемонијата на отворањето и ја повика владата на Катар да ги исполни своите ветувања за човекови права што ги даде кога го доби правото да биде домаќин на Светското првенство.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста