Утрински Весник
Македонија

Петровска: Лага и манипулација се обвинувањата за луксузната хациенда

Петровска: Лага и манипулација се обвинувањата за луксузната хациенда

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, најави дека ќе го тужи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој денес ја обвини дека во анкетниот лист не пријавила луксузна хациенда со базен во Радишани.

dobivaj vesti na viber

Петровска вели дека обвинувањата за непријавен имот се лага и груба манипулација.

„Имотот што бегалецот Ковачки го посочи никогаш не сум го поседувала. Единствено што поседував е плац што со уредни договори за купопродажба е отуѓен, односно продаден пред повеќе од десетина години. Безбедњакот, поранешниот воен разузнавач, кој беше дел од сценариото за 27 април и кој ги извиси и се огради од оние што ги поттикна на насилство, има рок од 24 часа да се извини за овие невистини, во спротивно ќе му биде поднесено тужба за клевета, а парите ќе ги донирам за жртвите од владеењето на неговиот Никола Груевски. Го повикувам да му се извини на семејството, кое е легален и чесен сопственик на овој имот, и да престане со нивните стари навики на незаконско следење и фотографирање. Жалам што Ковачки бега да зборува за успесите на Армијата, туку избра да се занимава со конструкции против мене, ама ова дрско и бескрупулозно однесување од негова страна нема ниту да ме заплаши ниту да ме поколеба да ја зборувам вистината“, рече министерката Петровска на прес-конференција организирана исклучиво за да одговори на обвинувањата од Ковачки.

Ковачки, исто така на прес-конференција, како дел од аферата „Тајни имоти – што крие власта од народот?“, објави дека министерката Петровска има непријавен луксузен имот во Радишани со објект кој е дивоградба.

Ковачки побара министерката да ја донира луксузната хациенда на здруженијата на бранителите од 2001 година и веднаш да си поднесе оставка.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор