Утрински Весник
Спорт

Грејнер ја отслужува казната во руска казнена колонија

Грејнер ја отслужува казната во руска казнена колонија

Американската кошаркарка Бритни Грајнер почна да ја отслужува деветгодишната казна за поседување дрога во руска казнена колонија, објавија нејзините адвокати.

dobivaj vesti na viber

Грајнер била префрлена во казнена колонија во Мордовија, на околу 350 километри источно од Москва, откако рускиот суд, минатиот месец, ја одби нејзината жалба. ејзините адвокати рекоа дека ја посетиле претходно оваа недела.

„На Бритни и оди како што може да се очекува и се обидува да остане силна додека се прилагодува на новата средина“, велат нејзините адвокати во соопштението.

Двократната освојувачка на златен олимписки медал беше приведена во февруари, на аеродромот Шереметјево. Цариниците во нејзиниот багаж пронашле капсули со масло од канабис.

На судењето, Грајнер призна дека имала капсули со масло од канабис во багажот, но сведочеше дека ненамерно ги спакувала во брзањето да избега од војната и дека немала криминална намера.

Нејзиниот тим за одбрана поднесе писмени изјави во кои се вели дека и е препишан канабис за лекување на хронична болка. Таа во август беше осудена на девет години затвор.

Американската администрација со месеци се обидува да преговара за ослободување на Грајнер и уште еден Американец затворен во Русија. Станува збор за извршниот директор за корпоративна безбедност во Мичиген, Пол Вилан.

Вилан, исто така, беше испратен во казнена колонија во Мордовија, откако беше прогласен за виновен за шпионажа во 2020 година и осуден на 16 години затвор.

Вашингтон преговара со Москва за размена на затвореници.

Претседателот Џо Бајден им рече на новинарите минатата недела дека се надева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде поспремен да преговара за ослободување на Грајнер.

„Се надевам дека сега кога изборите завршија, господинот Путин ќе биде подготвен посериозно да зборува за размена на затвореници“, рече Бајден.

 

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест