Утрински Весник
Македонија

Џафери – Филипиду: Со преспанскиот договор има продлабочување на односите

Џафери – Филипиду: Со преспанскиот договор има продлабочување на односите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари среда со новоименуваната амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

dobivaj vesti na viber

Џафери, упатувајќи честитки за именувањето на функцијата и посакувајќи и успех во нејзината работа, изрази очекување за продолжување на континуитетот на соработката со Амбасадата во Скопје. Преземените чекори од двете влади во изминатите години овозможија поинтензивна билатерална соработка, вклучително и наше членство во Јадранско-јонската инцијатива, како и членство во НАТО. Во тие рамки зајакната е и институционалната соработка на полето на одбраната во однос на заштитата на воздушниот простор на Република Северна Македонија. На средбата стана збор и за поактивната иницијатива од наша страна за реализација на билатерални посети на сите нивоа, вклучително и на ниво на претседатели на парламенти, како и за напредокот на полето на евроинтеграциите и претстојните активности со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјата во процесот на преговори за членство во ЕУ.

Амбасадорката Филипиду срдечно се заблагодари за реализацијата на средбата изразувајќи согласност дека со преспанскиот договор има продлабочување на односите, но секогаш постои можност за понатамошна динамизација и внесување дополнителна енергија во неговата имплементација. Важен сегмент од оваа соработка е унапредувањето на парламентарната димензија и размената на искуства меѓу парламентарците за прашања од заемен интерес. Од нејзина страна беше повторен официјалниот државен став за целосна поддршка на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и обезбедување помош и експертиза во текот на овој процес, како и поддршката од грчката влада за справување со енергетската криза.

Соговорниците беа согласни дека заедничката соработка и помош за украинскиот народ и институции во рамките на НАТО треба да продолжи, а потенцијалите во доменот на економијата, инфраструктурата и туризмот треба соодветно да се искористат од страна на двете држави.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“