Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб соопшти дека го назначи Славко Голужа за нов тренер. Голужа, кој претходно во два мандати бил тренер на ППД Загреб, потпиша договор до крајот на оваа сезона.
Голужа на клупата на ППД Загреб го наследи Ивица Обрван, кој доби отказ по домашниот пораз од Динамо Букурешт во Лигата на шампионите.
„Тимот е составен од неколку искусни играчи кои поминале многу во ракометот, но и некои помлади кои штотуку ја започнуваат својата кариера. Моја задача е да создадам синергија и вистинска атмосфера. Сакам тимот да биде нашиот најдобар играч“, изјави Голужа.
Новиот тренер дебито ќе го има на 24.ноември против Веспрем.