Утрински Весник
Спорт

Штајнер: И да ја освоеше пол-позицијата во Бразил, Мик немаше да остане

Штајнер: И да ја освоеше пол-позицијата во Бразил, Мик немаше да остане

Мик Шумахер ја заврши својата епизода во Хас, а можеби и во Формула 1. Синот на легендарниот Михаел Шумахер повеќе нема да вози за американскиот тим. Хас на местото на Шумахер го донесе неговиот сонародник Нико Хулкенберг.

dobivaj vesti na viber

Мик Шумахер две сезони го возеше болидот на Хас. Првата беше разочарувачка, не успеа да освои ниту еден бод, а во актуелната сезона беше осми во Силверстон и шести во Спилберг.

„Ништо немаше да се смени, дури и да ја освоеше пол-позицијата во Бразил. Ваква одлука не се носи поради емоцијата на една трка или еден квалификациски резултат. Тоа би било погрешно“, рече шефот на Хас, Гунтер Штајнер.

Тој јасно кажа дека инцидентите што ги предизвикуваше Мик Шумахер придонеле американскиот тим да се раздели со него.

„Да, тоа е дел од тоа, не можете само да речете – тој се удри и тоа е тоа. Сега не се обидувам сè да претворам во нешто добро, но можете да видите колкаво влијание врз тимот имаа и неговите добри резултати. Сепак, мора да најдете рамнотежа. Добар беше во Австрија и Англија, тоа се многу добри резултати. А потоа ги имате лошите резултати и инцидентите. Сепак, немаше ниту една трка што влијаеше врз оваа одлука. Тоа е комбинација од нешта и најголемата работа е да се продолжи понатаму и да го градиме тимот. Мик многу се подобри, тоа можете да го видите, не морам јас да ви го кажам тоа“, додаде Штајнер.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ