Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тренчевска: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи економии, вклучително и кај нас

(Видео) Тренчевска: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи економии, вклучително и кај нас

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска, со воведно обраќање ја отвори конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Фондацијата „Импакт“.

dobivaj vesti na viber

Министерката истакна дека во услови на висок технолошки развој неизбежна е појавата на променливост на пазарот на труд, што води кон воспоставување нови форми на вработување, а со тоа се наметнува и потребата од нивно уредување. И, затоа, темата на која се дискутира е од особено значење затоа што како креатори на политиките од областа на трудот мислењето и вклученоста на сите релевантни фактори во државата, но и поддршката и соработката со меѓународните актери, се почитува.

„Договорот за вработување е одлична основа за воспоставување професионален и коректен однос меѓу работникот и работодавецот, при што и двете страни имаат права и обврски што произлегуваат од работниот однос. Работникот има право да биде информиран за своите законски права, а во случај на спор, ако има основа, да биде и обесштетен. Договорот за вработување е исто толку суштински важен и за работодавецот, кој, покрај обезбедувањето соодветна работна сила, која ги знае своите права и обврски и со која има јасно дефиниран однос, обезбедува и заштита на неговите права и интересите на бизнисот“, рече Тренчевска.

Министерката посочи дека уредувањето на договорите за вработување е само еден од елементите и измените во новиот Закон за работните односи, на кој подолго време се работи.

„Верувам дека набргу ќе биде готова и финалната верзија на новиот закон за работни односи по што ќе биде поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) во согласност со законската регулатива во нашата држава. Ќе бидат одржани и јавни расправи во државата за да може што поголем број организации, институции, граѓани, со коментари се вклучат во неговото финализирање, а со тоа да го подобриме работното законодавство во државата“, истакна Тренчевска.

Таа изрази уверување дека споделените знаења и искуства и дискусии на конференцијата ќе дадат дополнителен придонес во натамошното конципирање на договорите за вработување, на новите форми на договори, кои стануваат неизбежност во сите современите економии, вклучително и кај нас.

Можете да прочитате

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи

Петрушевски: Законот на СДСМ за Кочани е неприменлив и политички мотивиран, не е во интерес на граѓаните

Таравари: Доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму