Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во Белград ќе учествува на Конференција за инвестиции во енергетиката во Западен Балкан

(Видео) Ковачевски: Никого нема да оставиме сам, кризата ќе ја пребродиме сите заедно

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска во Белград ќе учествуваат на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија ќе ги пречекаат претседателот на Србија Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик=министерот за енергетика и специјалниот пратеник на премиерот на Кралството Норвешка, во Палата Србија каде ќе се случува настанот.

Сите лидери од Западен Балкан е предвидено да учествуваат на официјалното отворање на Конференцијата и на панел-дискусија посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски