Утрински Весник
Свет

Иран ги ослободи запленетите грчки бродови

Иран ги ослободи запленетите грчки бродови

Податоците од радарите за следење на бродови покажуваат дека грчките танкери, кои се задржани во Иран од месец мај, испловија од оваа држава, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Атина, како што пренесува медиумот, потврди дека и морнарите се ослободени.

Оваа најава на Атина се уште не е потврдена во Техеран.

Запленувањето се случи кога Иран објави дека планира да преземе „казнени мерки“ против Грција, бидејќи непосредно пред тоа и помогна на Америка да заплени нафта од иранскиот танкер „Лана“, додава американската новинска агенција.

Можете да прочитате

Украинската премиерка поднесе оставка – 24info.mk

Иран тврди дека Ормускиот теснец е затворен, САД демантираат

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови