Утрински Весник
Свет

Рускиот амбасадор во Полска повикан на разговор по инцидентот кај украинската граница

Рускиот амбасадор во Полска повикан на разговор по инцидентот кај украинската граница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андрејев е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи, по инцидентот кај украинската граница, каде падна ракета и предизвика експлозија во која загинаа две лица, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи Лукаш Јасина изјави дека средбата меѓу министерот Збигњев Рау и рускиот амбасадор траела „само четири минути“, пренесе Си-Ен-Ен.

„Министерот Збигњев Рау и делегацијата што го придружуваше го примија Андрејев без никаква учтивост, без ракување. На амбасадорот му беше прочитана нашата дипломатска нота, што е слично на коминикето што го објавивме“, вели Јасина.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека руски експерти ги идентификувале остатоците на фотографиите објавени по експлозијата во Полска, како остатоци од украинскиот противвоздушен ракетен систем С-300.

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана