Утрински Весник
Свет

Полска: Ракетата е од руско производство

Полска: Ракетата е од руско производство

Министерството за надворешни работи на Полска доцна вечерва објави соопштение во кое потврди дека проектилот што падна во село во близина на полско-украинската граница е од руско производство.

dobivaj vesti na viber

„На 15 ноември 2022 година беше во тек уште едно масовно гранатирање на целата територија на Украина и нејзината критична инфраструктура, извршено од вооружените сили на Руската Федерација. Тоа траеше неколку часа. Во 15:40 часот во селото Пржеводов, во провинцијата Хрубиесов паднал проектил од руско производство и усмртил двајца државјани на Република Полска. Министерот за надворешни работи Збигњев Рау го повика рускиот амбасадор и од него побара итно и детално објаснување за овој настан“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци