Утрински Весник
Свет

Сунак: Путин требаше да се соочи со светските лидери на самитот на Г20

Сунак: Путин требаше да се соочи со светските лидери на самитот на Г20

Британскиот премиер Риши Сунак, денеска, на отворањето на самитот на Г20 на Бали, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин требало да биде подготвен да се соочи со светските лидери на самитот поради војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

На отворањето на самитот, на кој присуствуваше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Сунак ги осуди руската инвазија на Украина и нападите врз цивили предупредувајќи ги светските лидери на заканата за меѓународниот поредок, пишува „Гардијан“.

Сунак истакна дека е очигледно оти Путин не се чувствува способен да му се приклучи на самитот, а доколку дојдеше, вели тој, можеше да почне да ги решава проблемите поврзани со војната во Украина.

„Еден човек има моќ да го промени сето ова“, рече Сунак на самитот, на кој зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави британскиот весник.

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка