Утрински Весник
Спорт

Мартин Демикелис е нов тренер на Ривер Плата

Мартин Демикелис е нов тренер на Ривер Плата

Поранешниот аргентински репрезентативец Мартин Демикелис е нов тренер на Ривер Плата. Веста ја пренесе германскиот Баерн Минхен, каде Демикелис работеше како тренер на вториот тим. Неговото место ќе го заземе Холгер Зајц.

dobivaj vesti na viber

Демикелис (41) се враќа во матичниот клуб каде дебитираше во 2000 година. Тој доаѓа на местото на Марсело Галјардо, кој помина осум многу успешни сезони на чело на гигантот од Буенос Аирес.

Демикелис ја започна својата тренерска кариера во 2017 година кога беше асистент во Малага во Шпанија. Во 2019 година го презеде тимот на Баерн до 19 години, а од минатата година беше на чело на вториот тим на Баварците.

Поранешниот дефанзивец играше за репрезентацијата на Аргентина меѓу 2005 и 2016 година, забележа 51 настап и постигна два гола.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина