Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Се намалува цената на горивата

Се намалува цената на горивата
300x250 opst2

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,137%, кај дизелот за 3,126%, кај екстра лесното за 2,802% и кај мазутот намалувањето е за 1,142%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,766%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Од 15.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      93,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      96,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        96,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      91,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    49,189 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди