Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Адвокатот на оружарката против која актерот поднесе тужба: „Болдвин е виновен за трагедијата“

Адвокатот на оружарката против која актерот поднесе тужба: „Болдвин е виновен за трагедијата“
Img 7972

Алек Болдвин поднесе тужба против оружарката и уште тројца членови на техничкиот тим на вестернот Rust во врска со фаталниот инцидент во Ново Мексико.

dobivaj vesti na viber

Трагичниот настан, во кој снимателката Халина Хачинс го загуби животот, се случи во текот на проба на сцена со пиштолот, што го користел Болдвин.

Тужбата, која актерот ја достави до Врховниот суд на округот Лос Анџелес минатиот петок, произлегува од претходна тужба, во која друг член на техничкиот персонал го обвини Болдвин и неколку други лица за фаталното пукање.

Ова е една од многуте парници што произлегуваат од трагедијата, која се случи на 21 октомври 2021 година, и може да резултира со обвиненија од државата Ново Мексико. Тужбата на Болдвин ги прозива оружарката – Хана Гутерез Рид, првиот помошник-режисер – Дејв Холс, доставувачот на реквизити – Сет Кени и мајсторот за реквизити – Сара Закри.

Адвокатот на Гутерез Рид во е-пошта во саботата напиша: „Болдвин е одговорен за оваа трагедија“. Адвокатите на Холс и Кени не одговорија веднаш на барањето на „Ројтерс“ да дадат изјава во одбрана на своите клиенти.

Овие четири лица, како и Болдвин, се обвинети во првичната тужба што ја поднесе сценаристот тврдејќи дека пукањето ѝ предизвикало силна душевна болка.

Во тужбата на Болдвин е наведена небрежност како причина за несреќата. Тој бара отштета за огромната болка што ја трпи.

„Оваа трагедија се случи затоа што вистински куршуми беа доставени до сетот и наполнети во пиштолот, Гутерез-Рид не ги провери внимателно куршумите или пиштолот, Холс не го провери внимателно пиштолот, но сепак го прогласи пиштолот безбеден пред да му го предаде на Болдвин“, се наведува во тужбата на актерот.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?