Утрински Весник
Економија

ММФ: Изгледите за светската економија се сè помрачни

ММФ: Изгледите за светската економија се сè помрачни

Изгледите за светската економија денес се уште помрачни отколку во октомври, особено во Европа, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

dobivaj vesti na viber

Влошувањето на ММФ се припишува на заострувањето на монетарната политика со која централните банки се обидуваат да ја спречат тврдоглаво високата инфлација, како и слабиот раст во Кина, континуираните нарушувања во набавките и несигурното снабдување со храна поради руската инвазија на Украина, според Ројтерс.

Во октомври, меѓународниот заемодавател малку ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2023 година од 2,9 на 2,7 отсто.

Индикаторите потврдуваат дека изгледите се помрачни, особено во Европа, објави ММФ на блог пред самитот на Г-20 во Индонезија.

Индексите на менаџерите за набавка, кои ја мерат активноста во индустријата и услужниот сектор, сигнализираат слабост во повеќето големи економии од Г-20. Активноста оди кон негатива, а инфлацијата и натаму е висока, посочува ММФ.

Влошувањето на енергетската криза во Европа сериозно ќе му наштети на растот и дополнително ќе го стимулира растот на цените. Доколку продолжи периодот на висока инфлација, централните банки би можеле да ги зголемат каматните стапки повеќе од очекуваното, а условите за финансирање би можеле да се заострат.

Ова носи поголем ризик од должничка криза за ранливите економии, предупредува ММФ.

На овие ризици им се придружува фрагментацијата на глобалната економија и временските катастрофи, се заклучува во извештајот на ММФ.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија