Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Се споделува фотографија од жената која наводно стои зад нападот во Истанбул

Се споделува фотографија од жената која наводно стои зад нападот во Истанбул
Img 7972

На фотографија што кружи по социјалните мрежи, може да се види жена како оди по улица и носи црн ранец.

dobivaj vesti na viber

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и потпретседателот Фуат Октај објавија дека се сомневаат дека зад експлозијата во Истанбул стои жена, на социјалните мрежи почна да кружи фотографија за која корисниците се сомневаат дека ја прикажува вмешаната во нападот.

Автентичноста на фотографијата не е официјално потврдена.

Во денешната експлозија животот го загубија шест лица, од кои четворица на лице место. Најмалку 81 лице е повредено, а двајца пациенти се во тешка состојба.

Потпретседателот Фуат Октај рече дека обвинителите се на терен и дека истрагата се уште е во тек.

„Кој стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет. Ова веќе не е старата Турција и тоа треба сите да го знаат. Овој инцидент ќе го решиме многу брзо, кој и да стои зад него ќе одговара“, рече потпретседателот.

Претходно за оваа експлозија зборуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во обраќањето во живо, тој рече дека се чувствува мирис на ужас, но официјално не објави што ја предизвика страшната експлозија која однесе многу животи. Како што рече, првичните индиции укажуваат на терористички напад во кој учествувала жена, односно дека имала значајна улога во злосторството, пишува Хабертурк.

Ердоган посочи и дека народот треба да биде сигурен дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Можете да прочитате

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите