Актерот Алек Болдвин во петокот поднесе тужба против лицето кое било задолжено за оружјето и уште тројца членови на филмската екипа поради пукањето на сетот на вестерн-филмот „Раст“, во кој директорката на фотографија Халина Хачинс беше убиена со пиштолот што Болдвин го користел за време на пробата.
Хачинс беше убиена кога Болдвин испука вистински куршум од револверот со кој што вежбаше на пауза од снимањето во Ново Мексико, погодувајќи ја неа и режисерот Џоел Суза, кој преживеа.
Тужбата на Болдвин беше поднесена во Врховниот суд на округот Лос Анџелес како противтужба што произлегува од претходната тужба во која друг член од екипата на филмот именуван Болдвин и други како обвинети.
Тоа е една од многуте тужби што произлегуваат од трагедијата на 21 октомври 2021 година, која исто така е под кривична истрага и може да резултира со обвиненија од државата Ново Мексико.
Во тужбата, Болдвин бара отштета за огромната болка што ја трпи.
Четворица обвинети беа именувани како обвинети заедно со Болдвин во друга тужба поднесена од сценаристката, во која се тврди дека пукањето и’ предизвикало силна емоционална болка.