Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Читач од усни откри што рекол Чарлс откако демонстрант го гаѓаше со јајца

Читач од усни откри што рекол Чарлс откако демонстрант го гаѓаше со јајца
300x250 opst2

Британскиот крал Чарлс Трети го гаѓаа со јајца во текот на неговата посета на Јорк пред неколку дена, а професионален читател од усни откри што рекол кралот по инцидентот.

dobivaj vesti na viber

Чарлс и неговата сопруга Камила беа пречекани од градските челници во Јорк кога врз нив беа фрлени четири јајца кои ја промашија целта.

Потоа, можеше да се слушне демонстрантот како извикува: „Оваа земја е изградена врз крвта на робовите“. Неколку полицајци веднаш го соборија на земја во близина на Micklegate Bar – средновековна порта и место за големи настани – пред да го уапсат.

Читачот од усни Џереми Фримен изјави за „Мирор“ дека знае што рекол кралот по инцидентот. Наводно, тој едноставно продолжил да се ракува со госпоѓа со црвена капа, ноншалантно велејќи и: „Мило ми е што ве запознав“.

Потоа, според изјавата на Фримен, кралот се свртел кон друга госпоѓа во воена униформа која свиркала поради фрлањето јајца и ѝ рекол: „Во ред е, да продолжиме понатаму“. Неколку секунди подоцна, можеше да се види како монархот се свртува кон еден од полициските чувари и прашува „дали е сè во ред?“, на што читачот од усни верува дека полицаецот одговорил: „под контрола е“.

Чарлс и Камила беа во посета на Јоркшир во рамки на нивните кралски ангажмани и дојдоа во Јорк да ја откријат статуата на покојната кралица Елизабета Втора, прва што беше поставена по нејзината смрт.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?