Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Повредата на Митровиќ ги мачи Србите

Повредата на Митровиќ ги мачи Србите
Img 7972

За девет дена почнува Светското првенство во Катар. Тоа ќе биде прво големо натпреварување за српската репрезентација по Светското првенство во Русија 2018, кога испадна во групната фаза. На овој Мундијал, Србија се наоѓа во речиси идентична група.

dobivaj vesti na viber

Заедно со Бразил и со Швајцарија, со кои играше и пред четири години, противник на Србија ќе биде и Камерун.

Очекувањата во соседната земја се големи, но непосредно пред турнирот пристигнаа многу загрижувачки вести.

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, кој ги предводеше Србите во Катар со победничкиот гол во Португалија, има две помали скршеници на стапалото и најверојатно нема да настапи на последниот меч на Фулам пред паузата.

Тоа што многу повеќе ги загрижува Србите е фактот што не знаат во каква состојба Митровиќ ќе замине во Катар. Засега не е познато дали ќе може да закрепне пред првиот натпревар со Бразил.

Напаѓачот на Фулам се повреди на натпреварот меѓу Србија и Шведска на кој постигна хет-трик, но доби силен удар од Линделоф и неговата повреда значително се влоши на следните натпревари.

Селекторот Драган Стојковиќ го одреди списокот со 26 имиња кои ќе патуваат на СП во Катар.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица