Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов денес во Јосифово, Општина Валандово присуствуваа и се обратија по повод новоизградената градинка „Детелинка”, што е изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка.
Оваа градинка ќе згрижи околу шеесетина деца. Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово, не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање нови работни места.
„ Проектот за изградба на нови градинки низ државата рамномерно ги опфаќа сите градови и места каде има потреба од згрижување на деца. Благодарение на бројните мерки што ги презедовме досега, постигнуваме резултати. За прв пат во историјата на државата со поддршка на Владата предводена од СДСМ се изградени 72 градинки, во кои се згрижени околу 4.800 нови деца. За прв пат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места. Како Влада обезбедуваме услови за оптимален развој на детето, помагаме на родителите во воспитување на децата, бидејќи важно е што поголем број деца да одат во градинка и да стекнуваат добри навики уште во најраната возраст.
Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово, не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање на нови работни места. Во оваа нова градинка има 13 нови вработувања, ова е уште една потврда дека заложбите на Владата се рамномерен регионален развој, нови добро платени работни места. Владата предводена од СДСМ, платите во градинките ги зголеми за 21%, а со потпишувањето на измените на Колективниот договор, што преку дијалог го остварија Министерството за труд и социјална политика и СОНК, веќе од септември, вработените во дејноста згрижување и воспитание, плата на воспитувачките, негувателите и стручниот кадар во градинките ја покачивме за 15%. Со Законот за минимална плата, покачување доби и техничкиот персонал.
Среќни деца се наша среќна иднина, наша убава старост, оваа е ново време, кое бара решителни и одлучни политичари. Ние на овие деца треба да им создадеме иднина, овде на оваа тло, тоа е патриотизам, тоа е љубов кон земјата. Јас предводам Влада која се стреми низ независните институции и правично општество да им служи на интересите на граѓаните. Моја цел е на овие деца да им овозможам европска иднина, европско образование, европски стандард, живот во безбедна, стабилна и економски силна држава“ порача Ковачевски.