Утрински Весник
Магазин

(Видео) Трејлер за „Џон Вик 4“ – ултимативна борба на Дони Јен против Кијану Ривс

(Видео) Трејлер за „Џон Вик 4“ – ултимативна борба на Дони Јен против Кијану Ривс

Излезе првиот трејлер за најновото продолжение на акциониот блокбасер „Џон Вик: Поглавје 4“, во кој Кијану Ривс повторно го глуми титуларниот убиец.

dobivaj vesti na viber

Иако на гледачите најверојатно ќе им се допаднат различните локации што ќе ги видат во претстојниот филм – од Јапонија, Јордан, Германија, Франција и САД, новиот тизер им ја дава на фановите една од најочекуваните акциони сцени – пресметка помеѓу две од најголемите акциони икони во светот – Кијану Ривс против Дони Јен.

Додека Ривс е долгогодишен акционен херој од времето на „Брзина“ и „Поинт брејк“, во четвртиот од сагата „Џон Вик“, тој ќе се бори против акционата суперѕвезда од Хонгконг, Дони Јен.

Ривс ја репризира улогата на убиец кој сака кучиња во серијалот кој започна како приказна за одмазда, која потоа се претвори во сопствена верзија на стилска бруталност, а на крајот стана модерна студија за естетизација на насилството.

https://www.youtube.com/watch?v=HzAuKrBj8AE

Можете да прочитате

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција