Утрински Весник
Македонија

Поранешен вработен ја демолирал и запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Поранешен вработен ја демолирал и запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Поранешно вработено лице во студентскиот дом „Пелагонија“ заедно со уште едно лице, по претходна расправија со директорот Агим Фејзулаху, ја искршило и запалило канцеларијата утрово околу 9.30 часот.

dobivaj vesti na viber

Како што посочи МВР, директорот пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар.

Од МВР велат дека нема повредени до моментот на пријавувањето, а пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Орце Костов

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври