Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Продолжуваат дојавите за бомби во средните училишта во Скопје

Евакуирани пет средни училишта во Скопје поради дојава за бомба
Img 7972

Дел од скопските училишта и денес пријавиле закани за бомби. МВР е на терен со единицата за антитероризам, а учениците се евакуираат.
Првата смена во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ е веќе евакуирана и се чека полицијата да ги направи проверките, ова школо е меѓу првите кои утрово пријавиле закана за бомба.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Ова е трета недела со закани за бомби во скопските средни училишта. Сите досегашни закани полицијата утврди дека се лажни.

Министерот за внатрешно работи Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски во неколку наврати изјавија дека заканите за бомби во скопските училишта се дел од хибридни напади кои имаат цел да внесат вознемиреност во државата, а мета се учените како категорија за која општеството е најчувствително.

Министерот Спасовски за бомбите изјави дека веќе имаат добри сознанија од каде доаѓаат мејловите и на кој начин се испраќаат и најави дека ќе им треба меѓународна правна помош за да ги потврдат доказите.

Министерството за образование, пак, им наложи на директорите на училиштата во кои има закани за бомби да најдат начин до крајот на првото полугодие да ги одработат изгубените часови.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ е силата што ја враќа надежта и вербата во иднината на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси

Викендов ладно, особено наутро и со појава на мраз!